(ФБ статус на новинарот Фуркан Салиу) Министерството за локална самоуправа го поништува тендерот за модуларните болници поради неправилности во постапката. Истиот тендер го отвара Министерството за здравство. Тендерот го добива #Брако, тендерската спецификација ја подготвува ВАЊА АНДОНОВА, лице кое по заминувањето на #Филипче од Здравство, се вработува токму во Брако.
Во меѓувреме, надзорот укажува на сериозни грешки во изградбата на модуларните болници, ВЕНКО ФИЛИПЧЕ потпишува анекс на договорот во четири очи со компанија сестра на Брако кој што не се објавува на јавни набавки. Во меѓувреме модуларна изгоре и однесе 14 животи.
Обвинителката Лејла Кадриу бара да се вештачи електричната инсталација. Човекот кој ја инсталирал немал лиценца. #Кадриу е избркана од Обвинителство, а извештајот ставен во фиока.
Вештачењето на #Германците кое цела држава го очекување го констатира истото… И тој извештај во фиока. Обвинителите БЕСИР #АЛИУ, ВИЛМА #РУСКОСКА, ЕЛИЗАБЕТА #ЈОСИФОСКА, ХАНЕФИ #АМЕТИ , ДЕЈАН #ПЕТРЕСКИ, ЗОРИЦА #ПАВЛОВИЌ на чело со ЉУБОМИР #ЈОВЕСКИ едногласно одлучуваат да се покрене чудно обвинение само за економскиот и медицинскиот директор на #ТетовскатаБолница.
Венко Филипче дава оставка, #Заев не ја прифаќа… Веројатно со изговорот ако тонеме, ќе потонеме заедно. И двајцата се повлекуваат, изговорот им беше поразот на локалните избори. Нивната дружба после политиката сега е појасна. И двајцата се плашеле кој прв ќе прозбори.
Не почитувани, ова е слика на ќерка која што плаче и не може да ја препознае својата мајка. Изгорена со уште 13 други луѓе. Вие наместо да и ја олесните болката, го браневте Анѓушев.
Правдата ќе ве стигне! Кога тогаш ПРАВДАТА ќе ве стигне. #УбиствоВоТетово #VrasjeNëTetovë
Документарецот на ИРЛ насловен „Убиство во Тетово“ можете да го погледнете во продолжение: