Мартинијан Кириловски на публиката стана уште попознат по неговото учество во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Мартинијан беше под менторство на Јелена Карелуша и успеа да стигне до самото финале. Тој со својот талент и харизма пленеше околу себе, и често добиваше комплименти дека е многу сладок.

Во текот на натпреварот, Кириловски од срамежливо момче стана поопуштен на сцената, а откако ослабе и го промени стајлингот важи за вистински фраер.

Кумановецот има профили на социјалните мрежи, па одвреме – навреме знае да сподели по некоја фотографија.

Така, овој пат Мартинијан позираше разголен покрај базен, па ги покажа своите згодни, затегнати мускули. Кириловски позира додека седи во шорцеви и се разладува во вода во базен, а во прв план се неговите стомачни мускули кои паѓаат во очи.

Дефинитивно, пејачот знае како да се опушти по работните обврски и ангажмани и знае да ги наполни батериите за новите проекти.