„Драги мои, одлучив дека е време пред новиот албум да се повлечам од натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ и затоа, на своја иницијатива, уште на 28 јуни оваа година ја известив продукцијата „Гранд“ и го раскинав постоечкиот договор“ – објави Јелена Карлеуша на својот Инистагра профил по веста дека нема веќе да биде дел од жирито на популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Таа појсни дека така одлучила за да може максимално да се посвети на излегувањето и промоцијата на нејзиниот нов албум кој доаѓа.

„Од тогаш до денес имаше обиди да најдеме начин и услови да продолжам со снимањето, меѓутоа не успеавме да се договориме“, напиша Карлеуша и порача на крај: „Кои се новите членови и како ќе изгледа натпреварувањето, не ме интересира. Им ја посакувам целата среќа“.

Oд продукцијата „Гранд“ денеска соопштија дека наместо пејачката Јелена Карлеуша на нејзино место во жирито ќе биде пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Соопштението на Гранд продукцијата го пренесуваме во целост.

„Новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“ започнува на 18 септември, а учесниците и гледачите ќе имаат големо изненадување на самиот почеток – нов член на жирито ќе биде Светлана Цеца Ражнатовиќ!

Сигурни сме дека одличната музичка кариера, искуството и знаењето на Цеца ќе биде ветер во грб на учесниците во оваа конкурентна шоу програма. Нејзиното присуство во жирито ќе донесе нова енергија во која ќе уживаат и гледачите и учесниците, а шоуто „Sвездите на гранд“ ќе се гледа повеќе од кога било.

Покрај оваа одлична вест како дел од стручното жири, подготвивме повеќе новини за гледачите бидејќи добро познатата сценографија ќе се промени и влегуваме во новата сезона со визуелен идентитет што одговара на најгледаната шоу програма од сите светски стандарди.

Продукциското жири сепак ќе биде составено од Саша Поповиќ како претседател, Снежана Ѓуришиќ и Александар Милиќ Мили, додека Ана Бекута, Марија Шерифовиќ, Вики Миљковиќ, Драган Стојковиќ Босанац и Ѓорѓе Давид и оваа сезона ќе седнат на столчињата на стручното жири.

Благодарни сме на актуелната членка на жирито, Јелена Карлеуша, за нејзината долгогодишна соработка на овој проект и се што направи за учесниците, а Гранд продукција останува куќата во која Јелена е секогаш добредојдена “.