Медицински студии покажуваат дека антиканцерогени карактеристики се пронајдени во концентрирани флавоноиди на цитрунсните овошја, како лимоните, но во лабораториски услови, и самостојно и кога тие се во комбинација со хемотерапија. Што значи дека супстанците може да имаат влијание врз канцерогените клетки кај глувци, но ова не значи дека функционираат на ист начин и кај луѓето и за такво нешто нема докази.

Проверувачите на факти на Фулфект пишуваат дека тврдењето дека лимоните го лекуваат канцерот подобро од хемотерапија е невистинито.

И покрај тоа што некои состојки кои се содржани во лимоните и нивните дрвја може да имаат антиканцерогена акција во високи концентрации, нема докази коишто сугерираат дека тие се супериорни споредено со хемотерапијата, пишува Фулфект.

Извештај од пет студии покажа дека консумацијата на цитрусни овошја е поврзана со 13 проценти намалување на ризикот на канцер на желудникот низ период од 4.5 до 11 години.

Во сите студии не се користени лимони, но се покажува дека ако се има диета богата со цитрусни овошја, тогаш тоа го намалува благо ризикот од развивање на канцер на желудникот, поконкретно, пишува Фулфект.

Земањето суплементи со витамин Ц генерално се смета дека има мал бенефит за луѓето што имаат канцер и има потенцијални ризици.

Две постари студии во Њу Ингланд журналот покажуваат дека нема позитивни ефекти од високи дози на суплементи со витамин Ц кај пациентите со напредни канцери.

Неодамнешни студии покажуваат потенцијал за бенефит од интравенски витамин Ц, во исто време додека се прима конвенционална хемотерапија за подобрување на симптомите. Што значи дека интравенскиот витамин Ц е област за понатамошно клиничко истражување.

Но, ова не значи дека лимоните се посилни од хемотерапијата зашто количините користени во цитираните студии се многу поголеми од оние што би се добиле кога се конзумираат лимони. Јадењето на лимони значи дека витаминот Ц се прима орално, а не интравенски, за што пак, има уште помалку докази дека е корисно за пациентите со канцер. Студија од 2019 година покажа дека маслото процесирано од листови од лимоново дрво има некои цитокински ефекти врз канцерот на дојка ин витро (надвор од човековото тело, во лабораториски услови). Но, студијата нотира дека се потребни многу понатамошни истражувања и дека ова не кажува ништо за безбедноста или ефикасноста за користењето на маслото кај луѓето.

Проверувачите на факти на Фулфект пишуваат дека антиканцерогени карактеристики се пронајдени во концентрирани флавоноиди на цитрунсните овошја, како лимоните, но во лабораториски услови, и самостојно, и кога тие се во комбинација со хемотерапија. Што значи дека супстанците може да имаат влијание врз канцерогените клетки кај глувци, но ова не значи дека функционираат на ист начин и кај луѓето и за такво нешто нема докази.

Супстанците, исто така, генерално се користат во многу повиски дози отколку што би можело разумно да се консумира преку јадење лимони, со преработени екстракти користени наместо самото овошје.

Но, нема докази дека лимоните се помоќни од хемотерапијата наспроти изнесеното во постот. Тоа го демантираат дури и фармацевтите. vistinomer.mk