Јелена Карлеуша веќе неколку дена престојува во Бодрум, Турција, каде ужива со ќерките Атина и Ника Тошиќ. Нивниот одмор не го расипа ниту пожарот што пред неколку дена го зафати местото каде што летуваат.

Популарната пејачка секој ден ги воодушевува своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм со нов сет летни провокативни фотографии, а сега отиде чекор подалеку.

Таман кога ќе помислиме дека Јелена не може попровокативно од тоа што веќе го споделила, таа позираше на работ од базенот во тиркизно бикини, а нејзините атрибути ги стави во преден план.

– Кој е мојот пластичен хирург? Луцифер (ѓаволот) – напиша пејачката, алудирајќи на фактот дека изгледа толку добро што е невозможно да нема ништо зло во неа.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

Следниот ден, Карлеуша изненади со уште една фотографија од базенот, а зборовите напишани со неа носат моќна порака.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

– Стани! Никогаш не ја спуштај главата! Нека се чудат, истакна поп дивата.