Пејачот Ѓорѓе Давид имал сообраќајна несреќа во Белград, јавуваат локалните медиуми.

Според Гранд онлајн, на пат кон студиото на Гранд, на него налетал друг автомобил управуван од жена. За среќа рокерот поминал без повреди, но штетата на автомобилот е голема.

– Така е, ме удри жена, штетата е околу 2.000 евра – рекол Ѓорѓе и истакнал дека ова не му е прва несреќа годинава.

– Имав шест несреќи со овој автомобил и сите оваа година. Можеби тоа е знак дека треба да го сменам автомобилот (се смее) – истакна Ѓорѓе.