Зависноста од користењето на социјалните мрежи ја имаме речиси сите, од добро утро до моментот на добра ноќ, се забележуваат сите мигови и се пласираат јавно.
Познати или непознати, сите сме зафатени од Инстаграм и Фејсбук манијата, а јавните личност најчесто внимаат што објавуваат и како изгледаат на приложеното пред будното око на јавноста и медиумите.
Особено дамите се нашминкани, со средени фризури, стајлинзи… едноставно не се заобиколува ниеден визуелен детаљ.
Но, има и од оние јавни личности кои се исклучоци и немаат компелкси за да се претстават пред своите следбеници и во природно светло, без шминка, добро избрана облека, аксесоари…
Една од нив е позната фолк пејачка Сања Сани Гроздановска, која не ретко знае да открие како изгледа во домашно или релаксирано кежуал издание.
Овој пат, на своите Инстаграм приказни покажа како изгледа за по дома, без шминка и фризура, веројатно непосредно по будење. Но кога ваквиот изглед се носи со доза позитивна енергија и самодоберба, тоа знае да изгледа убаво и шармантно.
Сани е доказ дека непосредноста е исто толку важна од претставувањето во природно светло пред својата публика.