Халид Бешлиќ почина на 71-годишна возраст на Онкологија, а како што потврди неговиот менаџер неодамна, пејачот имал заболување на црниот дроб.
Халид Бешлиќ бил во Клиничкиот центар во Сараево, каде што лекарите направиле сè за да го излечат.
– Халид моментално е префрлен во клиника за онколошки пациенти, се лекува и се подобрува. На овој начин, би сакал само да ги демантирам сите гласини што кружеа во последните денови, имено дека Халид бил лошо, ништо од тоа не е вистина. Состојбата е стабилна. Тој е горе, во болница, колку што знаат лекарите, толку знам и јас. Неодамна бев кај него и ќе одам повторно. Се случи нешто со црниот дроб… Црниот дроб не работи баш добро, па сега работат на негово чистење – рече тогаш неговиот менаџер.
Хепатоцелуларен карцином – „тивок убиец”
Црниот дроб претставува орган кој е одговорен за отстранување на токсини и дистрибуција на хранливи материи во организмот. Тој има способност за само-регенерација, дури и кога е оштетен од токсините кои ги процесира.
Знаејќи го ова, зачудувачки е фактот дека карциномот на црн дроб е еден од карциномите кои се во пораст во светски рамки. Хепатоцелуларниот карцином (анг. hepatocellular carcinoma, HCC) како примарен карцином на црниот дроб, претставува 90% од сите откриени случаи.
Хепатоцелуларниот карцином е агресивен тип на карцином со ограничен број на опции за лекување и е една од главните причини за смрт во светски рамки.
HCC доминантно се појавува кај лица со цироза на црниот дроб како последица од хроничен хепатитис (Б и/или Ц) или како последица на голема конзумација на алкохол. Најчесто се манифестира во напредна фаза.
Други ризик фактори се: зголемена консумација на масна храна и зголемена телесна тежина, како и афлатоксинот кој е карциногена мувла која може да се најде во расипана храна (најмногу во ориз).
Знаци и симптоми
Знаците и симптомите кај пациентите со НСС, најчесто се појавуваат во доцна фаза, но некои лица може да имаат:
– абдоминална болка
– појава на модринки и крварења
– зголемен абдомен
– необјаснет губиток на телесна тежина
– жолтица

