На 26.07.2023 околу 03.00 часот во полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„Боро Хаџиески-Путе“ во Струга настанал пожар во сендвичара сопственост на Б.И. од Лабуништа.
Од пожарот биле зафатени уште седум деловни објекти. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа Територијалната противпожарна единица Струга.