Вчера во арената Ахој, во Ротердам се случило чудо. Имено, на музичкиот фестивал „Евровизија“ за прв пат во историјата на ова натпреварување една земја доби нула поени и од жири и од публика.

Се работи за Велика Британија.

Сепак, таа не е единствена за која публиката не гласала. Заедно со нив во категорија се и Германија, Шпанија и Холандија.

Инаку, рок бендот „Манескин“ ја обезбеди победата за Италија на годинешниот избор за песна на „Евровизија“ кој се одржа во арената „Ахој“ во Ротердам, Холандија. Со енергичната изведба на песната „Тивко и добро“ (Zitti E Buoni), четиричлениот бенд собра вкупно 524 поени од публиката и стручното жири, кои беа доволни за Италија да се најде на врвот на табелата, веднаш пред Франција и Швајцарија.

„Рокенролот никогаш не умира“, извика Дамиано Давид, предводникот на бендот, пред уште еднаш да ја изведат својата победничка песна на крајот од вечерта.

Ова е трета победа за Италија на неизмерно популарната „Евровизија“, а последен пат оваа земја победата ја однесе пред три децении – во 1990 година. Годинава Италија важеше за најголем фаворит и во обложувалниците.