Марко Младеновиќ од Србија, кому во 2013 година му беше дијагностициран тумор во ‘рбетот и кој се бореше како лав и обедини хумани луѓе не само во Србија, туку и во регионот ја загуби битката на само 21 година, јавуваат српските медиуми.
– Со голема, голема болка, голема тага, морам да ве известам дека Марко почина денес. Не успеав да го сретнам, имав голема желба. Сега тој е меѓу ангелите, сега не мора да трпи болка, сега. .. Беше млад, требаше да живееш, требаше да се вратиш здрав и да ни се придружиш во оваа хумана борба за другите, тоа ти беше желба … Сепак, морам да ве молам и понатаму, мораме да им помогнеме на родителите на Марко да го отплатат долгот кон болницата кој чини 21.500 евра, стои во објавата на Фејсбук страницата „Биди хуман-хуманитарна лицитација“, а потврдатза за оваа трагедија пристигна и до повеќе медиуми.
– Со голема тага, ви потврдувам во име на семејството дека информациите се точни, велат членовите на семејството за порталот „Еспресо“.
Инаку, Марко се бореше како лав до последниот ден во болница во Турција, под седативи и во големи болки, го загуби видот и слухот, се бореше за живот сам и потполно беспомошен, но судбината беше посилна. Лекарите го признаа поразот и се повлекоа.
Да потсетиме, Марко беше опериран и третиран со хемотерапија. Седум години подоцна, болеста се повтори, но во потешка форма. На почетокот на 2020 година, туморот се врати, а на крајот на март, Марко мораше да направи уште една операција и туморот беше отстранет.
По контролната слика и дијагнозата на постоперативната состојба, откриен е друг тумор, кој не бил присутен при претходното снимање. Поради големината на туморот, итно беше извршена операција.
Марко го загуби животот на само 21 година.