Се занимаваше со спорт, беше здрав и активен тинејџер кој редовно учествуваше на спортски натпревари. Родителите од Пенсилванија се уништени по смртта на нивниот 16-годишен син, кој починал само 24 часа откако му била дијагностицирана леукемија, пишува Дејли мејл.
Кајл Лимпер изгледаше како да пука од здравје. Се занимаваше со спорт, беше здрав и активен тинејџер кој редовно учествуваше на спортски натпревари. Кога пред две недели се пожалил на болки во грбот по кошаркарски натпревар, неговите родители го однеле во итната медицинска помош.
– Не пуштија да си одиме дома и ми рекоа да го вратам ако не оздрави по неколку дена. Неколку дена подоцна не можеше да застане на нозе. Не можеше да стане од кревет без моја помош, изјави таткото Кен Лимпер за „Фокс 29“.
Бидејќи болките не стивнуваат, тој бил примен во Универзитетската болница Џеферсон во Филаделфија, каде лекарите му поставиле тешка дијагноза.
Сепак, веќе беше доцна за терапија. Неговите органи почнаа да откажуваат и Кајл почина само еден ден подоцна.
– Ова е кошмар. Секој пат кога влегувавме во собата, стануваше се полош и полош, рече Кен.
Таткото на Кајл на социјалните мрежи напиша дека до кобниот 13 април Кајл бил совршено здраво дете, без никакви знаци на болест.
– Едноставно болеста дојде и го однесе истиот ден, напиша тој.
– Трагата што Кајл ја остави во нашите срца е неспоредлива со ништо на овој свет. Тој направи повеќе за своите кратки 16 години и допре повеќе животи со својата несебичност, дарежливост, пријателство и љубов отколку што многу луѓе успеваат во текот на животот, напиша тој.
Кајл играше фудбал за средното училиште Пен Трејти, се бореше и трчаше на патеката. Тој сакаше да игра фудбал на факултет и да биде шампион во борење.
По завршувањето на средното училиште, Кајл планирал да студира кривично правдо, да биде форензичар или да се приклучи на ФБИ.
Летово тој требаше да учествува на летна програма во Вашингтон каде што требаше да учи од агенти на ЦСИ.
Неговите родители, брат и сестра се во голем шок поради ненадејната загуба.
– Сакаше да престане се што е лошо на овој свет и да ги стави криминалците зад решетки. Тој сакаше луѓето да се чувствуваат безбедно. Кајл секогаш мислеше на други луѓе, напиша тато Кен.
Мајката на Кајл, Џоди Тафе, неодамна и самата го победи ракот.
– Не би посакал некој да се најде во ваква ситуација. Неопишлива болка. Не можам да опишам со зборови како се чувствувам, рече таа.
Започната е кампања GoFundMe за помош на семејството околу трошоците за погреб, а досега се собрани повеќе од 12.000 долари.
Семејството на Кајл рече дека сакале да го почестат својот син охрабрувајќи ги луѓето да уживаат во животот и да ги ценат своите сакани.
– Се што сакал во животот е луѓето да имаат добар живот. Тоа е она кон што се стремеше, рече Кен.