СТАТИЈАТА ПОЧНУВА ВЕДНАШ ПОД РЕКЛАМИТЕ!

МЕСТО ЗА ВАШАТА РЕКЛАМА! НАШИОТ ПОРТАЛ ЗА МЕСЕЦ СЕПТЕМВРИ ВИ НУДИ СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ЗА БАНЕР РЕКЛАМИ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА 50% ПОПУСТ! ИСКОРИСТЕТЕ ЈА МОЖНОСТА И ДАЈТЕ МУ КРИЛЈА НА ВАШИОТ БИЗНИС

СО САМО ЕДЕН КЛИК И ЛАЈК НА НАШАТА ОФИЦИЈАЛНА СТРАНИЦА МОЖЕ ДА ГИ СЛЕДИТЕ НАЈНОВИТЕ И НАЈБРЗИ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА, БАЛКАНОТ И СВЕТОТ! БИДЕТЕ ПРВИ ИНФОРМИРАНИ СО САМО ЕДЕН КЛИК!

Пациент од Улцињ, кој имаше само 26 години, почина денеска во Клиничкиот центар во Црна Гора, како резултат на инфекцијата Ковид-19. Досега, тој е најмладиот пациент во Црна Гора за кого корона вирусот беше фатален.

Според информациите на Новости, несреќниот млад човек починал на денот кога требало да се ожени со својата избраничка.

Институтот за јавно здравје на Црна Гора (IJZCG) апелира до помладата популација да се вакцинираат.

-Потврдено е дека Делта сојот влијае на помладата популација. Многу пациенти се на возраст меѓу 19 и 39 години. Апелот е младите да се вакцинираат и да се придржуваат кон мерките, изјави директорот на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, д-р Игор Галиќ.

Според податоците на Институтот за јавно здравје на Црна Гора, според пресекот од 16 септември, вкупниот број на смртни случаи поврзани со инфекцијата Ковид-19 во Црна Гора од почетокот на пандемијата е 1822.