Непрепознаена миокардиопатија и оштетен срцев мускул – тоа го покажала обдукцијата на 13 годишно момче кое почина во Загреб пред десетина дена. Пред кобниот момент тој испил енергетски пијалок. Момчето тој ден отишло во кино со неговите пријатели, по што се тркале околу зградата во која живеат. Уморот довел до пад но и смрт. Докторите од брзата помош безуспешно се обидувале да го спасат, пренесува Вечерњи лист.
Сепак се тврди дека момчето испило поголемо количество енергетски пијалок во киното. Пијалокот не би бил толку опасен доколку момчето немало срцева болест, пренесува Јутарњи лист.
“Општо земено, покрај шеќерот, кој не е добар, проблематичните состојки на енергетски пијалоци за деца, кои можат да предизвикаат токсичност, се кофеин, таурин и Л-карнитин. Прекумерните дози на овие состојки можат да предизвикаат несакани ефекти или може да бидат токсични за младите “, вели за Вечерњи лист д-р Филип Рубиќ, педијатар со специјализација во медицина за интензивна нега од Одделот за детска интензивна медицина, при Универзитетскиот болнички центар Загреб, повикувајќи се на студија објавена во Педијатрија.
Човечката реакција на вирус може да доведе до оштетување на срцевиот мускул, што може да нема никакви симптоми и да остане непрепознаено.
“До одредена точка нема симптоми, а еден ден подоцна може да се најдете на интензивна нега на апарати за одржување на животот и лекови. Енергетски пијалок може да биде предизвикувач за таа ситуација”, вели лекарот.
Според проценките на Светската здравствена организација, 68 проценти од адолесцентите и 18 проценти од децата ги консумираат редовно