Младиот 18-годишен фудбалер Адријан Наѓ го загуби животот вчера во сообраќајка несреќа, потврдија од клубот, пренесе ЕКИПА.

Неофицијално со својот автомобил удрил во дрво, при што возилото се запалило.

Наѓ потекнува од фудбалската школа на Дунајска Стреда, а играл и за младинскиот тим на Саморин.

За сениорскиот тим немал настапи. Наѓ играл во одбраната.