Ракометниот свет е потресен од уште една лоша вест откако уште рано утрово дојде информација за смрт на поранешна репрезентативка на Македонија. Синоќа ненадејно почина Јулија Николиќ (порано Партенко) која во својата кариера го носеше дресот на Кометал Ѓорче Петров и Вардар.
Партенко дојде во Македонија во 2003 година во тимот на Кометал Ѓорче Петров и брзо после тоа успеа да се најде и во репрезентацијата на Македонија. Шест години го носеше дресот на ѓорчепетровки, а потоа замина во Ускудар. Играше и во Франција и една сезона во Звезда Звенигород пред во 2013 година да дојде во Вардар.
Кариерата ја заврши во Вардар две години подоцна, а со Македонија беше дел и од големите натпреварувања. Важеше за голем борец на теренот.
Во последните шест години беше надвор од ракометот.