Петгодишно дете, кое падна од четврти кат од зграда во Штуп во Сараево, за жал почина во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.
Оваа страшна несреќа се случила околу 17 часот и 20 минути, кога детето паднало од балкон. Тоа итно било пренесено во болница, но починало неколку часа подоцна поради тешките повреди.
„Во 20 часот и 40 минути, за жал, и покрај напорите на лекарите, во КЦУС е констатирана смрт на дете родено 2020 година, кое попладнево падна од балкон на четврти кат од зграда во Сараево“, потврди Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево.
Со истрагата на лице место раководи обвинителот на Кантоналното обвинителство на Кантонот Сараево, а ја спроведуваат полициски службеници на Полициската управа на Министерството за внатрешни работи на Кантонот Сараево.