Дастин Поарие славеше во борбата против Конор Мекгрегор, а поразот на Ирецот едвај го дочека пензионираниот шампион Хабиб Нурмагомедов.
Мекгрегор во изминатите денови пред борбата со Поарие неколку пати јавно го прозиваше Нурмагомедов, па по поразот со скршеница на ногата сосема очекувано беше дека ќе се јави и Дагестанецот.
„Доброто секогаш го победува злото. Среќен сум за Поарие, се надевам дека ќе го добиеш шампионскиот појас до крајот на годината“, му порача Хабиб на Конор.
Good always defeats evil.
Very happy for @DustinPoirier I hope you will get the belt end of the year— khabib nurmagomedov (@TeamKhabib) July 11, 2021