Натпреварот помеѓу Данска и Финска на Европското првенство во Копенхаген беше прекинат денеска откако данскиот фудбалер Кристијан Ериксен се сруши на тревата.
Ериксен падна на теренот на крајот на првото полувреме на стадионот „Паркен“.
Ериксен бил реанимиран од лекари на теренот, а беше опкружен со дански фудбалери кои плачеа.
Финската репрезентација се засолни на другата страна на теренот и сите се во шок.
Навивачите на трибините се во шок и многумина плачат и со неверување гледаат што се случува на теренот.
— Pluton (@Pluton45873221) June 12, 2021
Во еден момент во кадарот беше девојката на Ериксен, Сабрина, која со солзи во очите и со голем страв ги следеше овие непријатни сцени.
Таа слезе од трибините и се обиде да стигне до Кристијан, но обезбедувањето ја спречи во тоа.