„Сега, со оглед на времето што поминува, единствената надеж што ја гледам е дека некој може да се јави со барање за откуп, дека тоа можеби е некаква можност да го видиме ова мало девојче живо и некое евентуално чудо. Верувам во чуда“, вели Игор Јуриќ.

Директорот на Центарот за исчезнати и злоставувани деца на Србија, Игор Јуриќ во изјава за новинаската агенција Танјуг што ја пренесува РТС вели дека во случајот со исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ, по која се трага четврти ден, сомнителни се сите околности.

Инаку, Јуриќ беше иницијатор за воведување на системот „Најди ме“ (Amber Alert) кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице. Системот во Србија почна да работи на 25 октомври лани, а за прва пат беше активиран по исчезнувањето на малата Данка.

Во врска со случајот, Јуриќ вели дека контрадикторни биле и изјавите на луѓе блиски на девојчето, бидејќи првично било тешко деа се поверува дека двегодишно девојче може да оти толку далеку што ниту полицијата, која дошла многу брзо на местото на настанот, не можела да ја пронајде.

„Ова е многу специфичен случај, пред се поради возраста на детето, а со оглед на тоа дека детето е сосема немоќно да направи нешто самостојно, тогаш сè се сведува на околината и на луѓето околу детето. Ми се чини дека нема човек во близина, а да не побудува сомнеж. Не вперувам прст кон никого, туку објективно гледам на фактите кои се актуелни во моментот и кои укажуваат дека сомнежот мора да постои и дека постои поради сите тие факти“, вели тој за Танјуг.

Според Илиќ, посетата на српскиот министер за внатрешни работи на местото од каде му се губи секаква трага на девојчето, како и мотивираноста на луѓето и на припадницита на Министерството за внатрешни работи на терен, покажува колку сериозно се работи на случајот и колку енергија и сила се вложува за негово решавање.

„Сега, со оглед на времето што поминува, единствената надеж што ја гледам е дека некој може да се јави со барање за откуп, дека тоа можеби е некаква можност да го видиме ова мало девојче живо и некое евентуално чудо. Верувам во чуда. Имам и негувам надеж, но кај мене стравот расте и сигурен сум кај голем број граѓани“, оценува Јуриќ.

Како што пренесоа спрските медиуми, синоќа во Бањско Поле пристигнале две специјализирани екипи за спасување до урнатини на Одделението за вонредни состојби на српското Министерство за внатрешни работи и од рано утринава почнале со пребарување на просторот околу куќата пред која исчезна двегодишното девојче Данка Илиќ.

Потрагата по девојчето, на кое од вторникот попладне му се губи секаков траг, влегува во четвртиот ден.

Двете екипи кои синоќа пристигнале од Белград и Нови Сад ги сочинуваат 18 пожарникари и спасувачи со пет теренски возила и едно куче за спасување, кои почнале со детално пребарување на просторот околу куќата.

Специјализирани тимови за потраги пристигнале во Бањско Поле, четврти ден се трага по двегодишната Данка

Во текот на вчерашниот ден со багер беше расчистено земјиштето околу куќата во Бањско Поле, од каде на девојчето му се губи секаков траг. Набргу потоа пристигнала и полицијата која го пребарува просторот околу расчистените стебла. Засега нема официјални информации за деталите од истрагата.

Целта на ваквите активности, како што јавува РТС, е да се провери дали има докази и траги под гранките кои би помогнале во потрагата по девојчето.

Исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ во вторникот го пријавила нејзината и оттогаш трае потргата во која се вклучени стотици припадници на полицијата, жандармеријата, горската спасувачка служба и ловџии.

Беа распоредени и беспилотни летала со термални камери, а хеликоптерска единица во повеќе наврати го прелета теренот во околината на Бор.

Иако полицијата во средата соопшти дека потрагата на терен се прекинува, бидејќи сè укажува дека девојчето не е во областа од која исчезна, полициските сили и спасувачките екипи се сè уште на терен. Воедно, како што е најавено, во тек е интензивна оперативна активност.

Во Бањско поле синоќа беше и министерот за внатрешни работи на Србија, Братислав Гашиќ.

Вчера три лица од околината на градот Хаџиќи во кантонот Сараево беа уапсени бидејќи на социјалните мрежи тврделе дека имаат информации за исчезнувањето на двегодишното девојче и за да ги споделат барале 50 илјади конвертибилни марки што е околу 25 илјади евра.

Уапсени три лица во БиХ кои барале пари и тврделе дека имаат информации за изчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ

Исчезнувањето на двегодишното девојче по првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија, кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.

Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.

Фотографија и лични податоци од девојчето објавени на веб-страницата на Министерството за внатрешни работи на Србија