Данка Илиќ (2) исчезна на 26 март во Бањско Поље, а од вчера полициски единици се пред куќата каде последен пат била видена, а утрово пристигнала и противпожарната служба.

На местото на настанот пристигнал и полицискиот министер Братислав Гашиќ. Како што јавува репортер од местото на настанот, покрај куќата штотуку поминале колони возила со затемнети стакла, а паркирана е и марица.

Како што веќе пишувавме, теренот пред кобното место во Бањско Поље од вчера е расчистен. Полицијата и пожарникарите отстрануваа шут, ѓубре и стари работи кои се наоѓаат на имотот.

На местото се забележани и багери кои отстрануваат ѓубре и шут. Да потсетиме, Данка исчезна во вторникот кога мајката му давала вода на другото дете. Таа беше облечена во виолетови панталони, маслинеста јакничка и косата ѝ била врзана во репче.

Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија беше искористен системот Amber Alert.