Автобус на „Житиа турс“ вечерва околу 22 часот излета од патот и се преврте кај местото Велики Купци во близина на Крушевац.

Автобусот, според српските медиуми, сообраќал на релација Приштина – Грац. Според првите информации повредени се најмалку 11 лица. Се претпоставува дека патниците се претежно Албанци од Косово и Метохија.

Според информациите до кои дојде РТК, од засега непознати причини се превртел автобус со косовски регистарски таблички. Автобусот се движел кон Крушевац. Возачот во еден момент изгубил контрола над возилото, преминал на левата коловозна лента, по што се превртел надвор од коловозот на страна.

📸

Екипата на Брзата помош за кратко време пристигнала на местото на настанот, а досега неколку лица се пренесени во Крушевачката општа болница. Засега не е познат точниот број на повредени, како и тежината на повредите.

Припадници на сообраќајната полиција во Крушевац вршат увид на местото на настанот. Сообраќајот на оваа делница не е во прекин.

Повредените патници моментно се транспортираат во болницата во Крушевац. Во тек е увид на местото на несреќата, а повеќе детали се најавени за утре.