Пејачката Нина Бадриќ направи мала пауза од концертите. Таа го искористи викендот да се релаксира за да ги „наполни батериите“ за следната недела, бидејќи ја очекуваат настапи низ целиот регион.
Таа неделата ја помина во природа, позирајќи во краток црвено-бел фустан, кој ги истакнува нејзините нозе. Со фустанот таа комбинираше рамни сандали.
„Совршена недела“, напиша Нина покрај фотографијата.
Нејзините фанови се воодушевени од оваа фотографија.
„Убава фотографија“, „Ти си секогаш убава“, „Убави нозе“, „Совршена Нина“, „Секогаш многу убава и згодна“, се само дел од коментарите под нејзината објава.