На ден на фемицид поединци јавно заинтересирани зошто жената имала врски кога имала 3 деца. Пошо ко ќе родиш веќе врска не треба да имаш, исто гледам видно згрозени дека некоја може да има односи откако ќе роди, што па многу ми кажува за нивниот живот чим од ова се изненадени.
Да се осврнеме на поединците, 5рица најгласни, еден од оние мажи сликан со три внуки смета дека жена не треба да збори со другарки и вешот да го пере дома, друг претходно вработен во Никоб сега во Гарда, гордо сликан со убиена дива свиња, веројатно единствен успех во животот, јавно му се воодушевува на убиецот.
Неколку неписмени профили и една жена која не сфаќа како на вести убиената ги чита пораките, а е убиена. Они се повеќе заинтересирани за приватниот живот на жената пошо свој евидентно немаат, а ни секс тоа повеќе од јасно, отколку да ги вознемири тоа што институции платени со нивни пари не помогнале на барање помош. Во Босна ваквите ги собираше полиција од дома, кај нас полиција не може жена да заштити не па да го собира општествениов талог.
Ден погубен за една фамилија, за нас како општество, за нас како жени и све женско што имате по фамилија. Ден за срамење на МВР, на цел парламент посебно жените пратенички што немаат збор кажано за законите и заштитата од фемицид. Ден кога треба да се запрашаме зошто толку трибини и конференции кога никој ништо не прави да се смени системот.
Ден кој те тера да размислиш држава ли е ова? #stopviolenceagainstwomen