Познатата манекенка Ирина Шајк ја носи титулата една од најубавите и најпосакуваните жени во светот, и секоја нејзина слика го оправдува тоа, мнозинството би се согласило… но, се чини дека не сите.

Убавата Русинка, која најмногу се прослави поради врската со најпзонатиот светски фудбалер Кристијано Роналдо, ги поминува овие топли денови на Ибица.

Будното око на папараците не го пропуштија нејзиното извајано тело, па фотографиите на една од најубавите жени во светот брзо се појавија во медиумите. Овој пат без филтри и Фотошоп.

Кај мнозинството има впечаток дека оправдано носи таква титула, но Ирина се уште не може да ги исполни Твитер стандардите за убавина во Србија, пишува zena.blic.rs.

– Изгледа како тетка ми. Толку пари и тренери и повторно целулитен задник. И не кажувајте години, затоа што сум три години постара и ги немам овие испакнатини на задникот. Значи, работата на оваа жена е да изгледа совршено, а таа очигледно јаде нездрава храна и не оди во теретана, вели една корисничка на Твитер.

Таа одговара на коментарите на другите на следниов начин:

– Ја прозивам бидејќи тоа не е нормално, а на девојките им се претставува да мислат дека е во ред да имаат целулит. Не, вежбајте, а истото важи и за мажите, бидејќи забележувам дека и тие имаат целулит, заклучува Твитерџиката.

📷

📷