Францускиот диџеј, продуцент и композитор Дејвид Гета (53) го маѓепса светот со електро-поп хитови “When Love Takes Over”, “Memories”, “Titanium”, “Turn Me On”… но и со неговата нова девојка Џесика Ледон (28) од која не се разделува по разводот со поранешната сопруга Кети Лоб, со која имаше две деца.

Дејвид Гета се разведе од Кети Лоб во 2014 година, која го придружуваше во текот на неговата успешна кариера и му беше голема поддршка. Двојката имаше две деца, синот Тим ​​Елвис Ерик и ќерката Енџи, но тоа не беше доволно за Гета и Кети, кои и по 22 години брак се разведоа.

Интересно е што разводот помина во неверојатен мир и дека адвокатите ја завршија целата работа. Ниту Дејвид ниту Кети не се појавија на суд и мистеријата што беше причина за развод остана.

Сепак, атрактивната Кубанка, Џесика Ледон, стана цел на папараците кога се дозна дека таа е новата девојка на Дејвид Гета. Иако папараците никогаш не успеаа да го фотографираат диџејот со децата, сепак во последните месеци тие беа многу успешни во „ловењето“ на новиот пар.

Дејвид и Џесика повторно беа фотографирани пред два дена на Миконос како разменуваат нежности.

Кубанката веќе го доби епитетот „најзгодна жена на светот“ од медиумите.

📷

📷

📷

📷

📷

📷