Страшна трагедија ја потресе Русија. Имено, Иван Куренбин и Татјана Игужина ги загубија животите во сообраќајна несреќа.
Познатиот автомобилист и мотоцилистка, инаку светска рекордерка, со голема брзина излетале надвор од патот со Порше 911 Турбо и удриле во дрво.
Според медиумите од Русија, автомобилот се запалил, а Иван и Тања кои наводно сè уште биле живи до тој момент, не успеале да го напуштат возилото.
Според локалните медиуми, во моментов се врши ДНК анализа, додека сè уште постои сомневање дали тие биле под дејство на алкохол.
Исто така, тие работат на идентификување на возачот, бидејќи не е познато кој возел поради јагленисаните тела.
Инаку, Иван имаше 36 години и беше познат возач и претприемач, а неговиот татко е легендарен шампион на СССР во уметничко лизгање, Владимир Куренбин.
Што се однесува до Татјана, таа имаше 32 години и беше светски рекордер по патување со мотор. За само 18 дена, таа помина скоро 25.000 километри.