Избришан е профилот од друштвените мрежи на еден од уапсените членови на криминалната група, Влатко Кешишев која ја киднапираше и уби 14 годишната Вања Ѓорчевска.

Имено, Кешишев на Фејсбук имаше објавувано фотографии на кои позира со мачета во рака, додека на лицето има фантомка.

Меѓу неговите пријатели на Фејсбук беше и Љупчо Палевски – Палчо, кој беше означен како организатор на киднапирањето, но и убиецот кој со пиштол ја убил Вања Ѓорчевска.