Ноа Миливојев (18) од Ковиље, којa исчезна на 17 јуни, а чие тело денеска беше пронајдено во стан во центарот на Белград, беше многу активna на социјалните мрежи, а никој не можеше да претпостави дека видеото кое објавена на денот на нејзиното исчезнување, всушност ќе ѝ биде последен.

Во видеото објавено на нејзиниот профил на TikTok, може да се види како Ноа одговара на разни навреди поради нејзините ставови и верувања, бидејќи станува збор за трабсродова личност. Во тој момент таа беше облечена во розови шорцеви, црн горен дел и имаше чизми до глуждови.

Да потсетиме, Ноа Миливојев, која е трансродова личност, исчезнала пред 20 дена кога отишла да го запознае своето момче.

Според зборовите на сосетка на убиецот, тој важел за проблематичен млад човек, а таа често го гледала со различни девојки. Таа додава и дека ја видела Ноа пред две недели.

-Имаше инцидент меѓу нив двајца. Тие се расправаа. Таа викаше во зградата и бараше да ѝ ги врати работите. После тоа не ја видовме. Другите соседи ме предупредија дека е опасно и проблематично момче – вели сосетката.

Како што додава, по таа расправија го виделе убиецот како изнесува женски работи. Да потсетиме, Ноа Миливојев исчезна пред 20 дена кога се упатила кон своето момче.

– Телефонот не и работи, можеби е исклучен, можеби е празен, ништо не знаеме и ги молиме сите што знаат нешто да не контактираат. Се слушна со нас на 17 јуни, кога отишла кај нејзиното момче „О“ од Белград, а тој тврди дека не ја видел. Ги молам сите да ни помогнат, ќе умреме од тага и болка – изјави претходно за медиумите нејзината мајка.

@noa.diva Replying to @_.sekaa._ #fyp #foryou #foryoupage #balkan #serbia🇷🇸 #fypシ ♬ original sound – N O A