Иако најголемиот дел од љубовните врски денеска започнуваат со допишување на апликациите за запознавање, нивната приказна звучи како извадок од роман.

Имено, Јасмина Гроган се заљубила во бездомникот Маколи Мурчи кога го видела пред супермаркет. Таа решила да му понуди пари, но тој одбил. Гледајќи дека има проблеми со тешките кеси, се понудил да и помогне и наместо неа да ги однесе, пишува „Дејли стар“.

– Еден ден запознав бездомник пред супермаркетот. Му понудив пари, но тој не сакаше да прифати. Отидов во супермаркет да земам намирници, но не можев да престанам да мислам на него. Излегов надвор и прашав ако можам уште да му помогнам некако, но тој рече не. Ме праша дали ми треба помош со носење на кесите до таксито што ме чекаше. Реков да. Го прашав дали сака да му донесам нешто да јаде, вели таа.

Тој тврди дека долго време разговарале за неговиот живот. Јасмина решила да му купи мобилен телефон за да останат во контакт.

Благодарен што Јасмина му покажала таква дарежливост, тој и напишал порака:

„Ми го разубави денот, многу ти благодарам за се, неверојатна си. Не можам да престанам да мислам на тебе“.

Таа одговорила: „Не мора да се заблагодариш, ниту јас не можам да те извадам од глава“.

Тогаш Јасмина го прашала дали може да го однесе на ручек. Повторно излегле заедно, а по ручекот завршиле кај неа дома.

– Му донесов нова облека и му реков дека може да преноќи, но на крајот тој остана многу подолго од една ноќ. Веднаш се заљубивме. Знаев дека тој е вистинскиот човек за мене. Беше толку добар и убав, вели Јасмина.

Тие се свршени и имаат деца

Јасмина откри дека биле на неколку состаноци, а тој решил малку да поработи на својот изглед. Ја избричил брадата, добил нови заби и почнал да работи.

„Оттогаш не се разделивме“, вели Јасмина.

Тврдат дека се многу среќни, свршени и дека имаат две мали деца.

– Мило ми е што нашите патишта се вкрстија и веруваме дека се’ се случува со причина. Тој ми го направи животот многу подобар и не можам да го замислам животот без него, изјавила таа.

Бидејќи често објавува заеднички фотографии и видеа на Инстаграм и ТикТок, таа доби безброј пораки за поддршка, нежност и ентузијазам, а многумина ја нарекуваат „ангел на земјата“ и велат дека се заслужуваат еден со друг и имаат прекрасно семејство.

Нејзините видеа имаат вкупно над седум милиони прегледи.