Пејачката Јелена Карлеуша на Божиќ го пријави сопругот Душко Тошиќ за семејно насилство, за кое јавноста не престанува да коментира.

Имено, таа за време на прославата на најсреќниот христијански празник пријавила дека фудбалерот наводно и удрил шлаканица и ја плукнал. Нему му беше забрането приближување во траење од 48 часа, а за деталите се уште на големо се зборува.

Сега познатата водителка Јована Јеремиќ ја допре темата во утринската програма на Пинк и остро нагласи „стоп за насилството врз жените“.

– Ако не можеш да носиш таква жена на грб, има цивилизиран начин! Сите ја напаѓаат Јелена цел живот. Сите тие се светци, само таа е најлоша, доста е!, извика Јована и продолжи:

– Бегајте бре, подобро да не зборувам. Тој рече „Не ја удрив, единствената вистина е дека се скаравме“, прочита водителката, а потоа додаде: „За нејзе зборуваат се најлошо оние кои не треба дури ни устите да ги отворат“.