Вчераутро, жена од скопското село Јурумлери пријавила во полиција дека е исчезната нејзината 15-годишна ќерка, соопшти МВР.
„На 21.04.2025 во 8 часот во СВР Скопје, С.Б.(37) од с.Јурумлери, скопско, пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка М.Б.(15). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, пишува во полицискиот билтен.