Повеќе од 260 украински маринци им се предале на руските вооружени сили во Мариупол, изјави чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Тој на Телеграм напиша дека 267 маринци од 503-от баталјон на 36-та бригада на украинската морнарица им се предале на руските вооружени сили.

„Тоа е многу исправен и свесен избор!“, оцени Кадиров, пренесува РИА Новости.

Лидерот на Чеченија истакна дека руската армија не војува со цивилното население, туку со оние кои, како што наведе, „нема да им донесат ништо добро ниту на Русите, ниту на Украинците“.