– Украинското Министерство за одбрана очекува нови руски напади врз опколениот источен град Харков, изјави доцна синоќа портпаролот на Министерството за одбрана Олександр Мотузјаник, пренесува ДПА.

– Руските војници се подготвуваат да го заземат градот, изјави Мотузјаник за весникот „Украинска правда“.

Руските сили во другите делови на Украина, исто така, вршат засилувања, додаде тој.

Харков е втор по големина украински град со речиси 1,5 милиони жители, зад главниот град Киев кој брои нешто помалку од 3 милиони жители.