Музичката ѕвезда Јелена Карлеуша отсекогаш била приврзана за семејството, а со членовите има исклучително блиски односи кои не може да ги видиме во јавноста.

Еден од нив е синот на нејзината сакана тетка Данијела Дмитровиќ, Марко.

Тие се потпора на пејачката во животот, а таа ги држи подалеку од дофат на јавноста. Затоа за Марко не се знае многу, но ако ви се чини дека сте го виделе одамна – впечатокот не ве залажува.

Имено, Марко како момче имаше значајна улога во спотот на Јелена за песната „Само за твоје очи“, но тоа искуство не го привлече кон мејнстрим музиката.

Наместо тоа, Дмитровиќ денес е горд љубител на метал и рок музиката, иако многу ја почитува одличната кариера на неговата братучетка.

Јелена и Марко денеска се многу блиски, тој често доаѓа во нејзиниот семеен дом, а на својот Инстаграм профил има неколку фотографии кои го докажуваат тоа.

Марко е среќен во љубовта, а Јелена му пружи поддршка во коментарите. Покрај Марко, пејачката има и двајца полубраќа од вториот брак на татко и, а негува хармоничен однос и со Иван и Никола.

📸

📸

📸