Пластичната хирургија е област која луѓето ја користат се почесто. Од едноставни козметички додатоци кои ветуваат обновено чувство на самодоверба до реконструктивни процедури кои целосно ја трансформираат личноста до непрепознатливост, има по нешто за секого. Фотографиите на оваа жена пред и по пластична операција станаа вирални на TikTok и Instagram.
Хирург од Турција тврди дека станува збор само за резултатите од бројните операции направени во период од две години. Првата фотографија покажува 68-годишна жена која носи виолетова марама, откривајќи го својот природен изглед, карактеристичен со типичните знаци на стареење кои би се очекувале од жена на нејзина возраст.
Меѓутоа, на фотографијата „after“, наводно направена по повеќе операции, жената изгледа како да изгубила повеќе од дваесет години. „Нашата драга пациентка г-ѓа Дилек по две години ринопластика, операции за лифтинг на лице и блефаропластика. Ги очекувам вашите коментари“, напиша хирургот кој се потпишува како доктор Меј.
Корисниците на социјалните мрежи побрзаа да коментираат за да го споделат своето неверување, а едно лице напиша: „Тоа се мајка и ќерка, во никој случај не е таа“. Друг искоментирал: „Како е можно ова? Носот е целосно променет. Тие се различни луѓе“.
Се огласија и оние кои веруваат во магичните резултати на пластичната хирургија. „Ова изгледа одлично. Кога некој знае што прави, резултатот не може да изостане“, „Носот е одлично направен, изгледа прекрасно“, коментираат тие. Инаку, д-р Меј има речиси половина милион следбеници на социјалните мрежи, а неговите пациенти доаѓаат од целиот свет.
Во продолжение и една друга трансформација: