





Два автомобили со скопски регистерски таблички денеска се судрија на паркингот во трговскиот и забавен центар East Gate Mall во Скопје.
Според фотографијата споделена на социјалната мрежа Твитер, автомобили марка „Волксваген Поло“ и „Хјундаи Елантра“ се видно оштетени, а повеќе детали како дошло до судирот при попупразен мол засега не се познати.






Засега нема информации дали при инцидентот има можеби и повредени лица или пак станува збор само за материјална штета на автомобилите.
Невниманието на еден, а можеби и на двајцата возачот најверојатно е главна причина за ваквиот епилог, но и порака за сите возачи дека треба да се внимава постојано, дури и на паркинг и дури и кога моловите се речиси празни на празнични денови како денешниот.




Во мол судар да направиш, и тоа во полупразен 🤦♀️ pic.twitter.com/FXMoEyQfrx
— KatttP. (@KatttP) May 1, 2022