Шкендија и Шкупи го играат големото дерби во Тетово, а на овој натпревар се виде се и сешто. Прво беа нападнати гостите, беше повреден еден од играчите на чаирчани, публиката предизвика прекин, па пред полувремето следеше нов настан за осуда.

Од трибините во Тетово летаа камења кон гостинските играчи на Шкупи кога влегуваа во тунелот. Со удар во главата се здоби 21-годишниот Ардит Иљази кој има повредена глава.

И покрај сите притисоци и немили настани, Шкупи излезе на терен и го игра второто полувреме. Шкендија за овие лоши потези сигурно ќе добие санкција за лоша организација.

Овој натпревар е од поголемо значење за Шкендија која оди на заверка на Европа, отколку за Шкупи кој е нов шампион на Македонија.

📸

📸