Како што може да се види од видеата, на нешто повеќе од час пред почетокот на дербито меѓу Шкендија и Шкупи, се случил тежок инцидент пред стадионот во Тетово.

Имено при излегување од автобусот, фрлени се бакљи кон гостите, дознаваме дека настрадале играчи на Шкупи и клупскиот доктор.

Други медиуми јавуваат дека еден фудбалер од тимот на Шкендија е повреден по тензичната атмосфера во Тетово. Како што изјави Омер Буњаку за ТВ21, еден фудбалер е повреден.

Шкупи попладнево гостува во Тетово кај Шкендија, а како претходница на овој натпревар, се случи еден поголем инцидент пред да пристигнат во Тетово.

Со оглед дека иако првенството е решено, а е натпревар со висок ризик, полицијата се испречи на патот пред автобусот на навивачите на Шкупи и не ги пушти да се упатат кон Тетово, каде се очекуваше да дадат поддршка на шампионот.

Инцидентот односно ситуацијата се случи на една од патарините кон Тетово, па полицијата не ги пушти навивачите, што значеше дека во Тетово, само домаќинот ќе има поддршка од трибини.

Со оглед на тоа дека на Шкупи не им значи ништо овој натпревар, а на Шкендија и тоа како, бидејки се борат за место кое излегува во Европа, со тоа што не доаѓаат гостински навивачи во Тетово, домашните навивачи ќе имаат важна улога во целата атмосфера и резултатот кој Шкендија денес ќе го оствари.

Натпреварот се игра на градскиот стадион во Тетово од 17 часот.

📸

📸

📸