Оваа недела ќе се поклопат петок 13 и ретрограден Меркур, па астролозите предупредуваат дека многумина би можеле да имаат проблеми во комуникацијата.
„Со оглед на тоа што Меркур е проблематична планета според Зодијакот, неговата ретроградност може да предизвика многумина да се чувствуваат малку понесреќно овој петок 13, за разлика од претходните. Затоа, малку олабавете и добро размислете пред секоја ваша одлука“, велат астролози за Elite Daily.
Истиот ден, Јупитер ќе се префрли во знакот на Овен, што не се случило од 2011 година. На Овните ќе им се даде можност за разни прилики за напредок во сите животни аспекти, така што тие не треба да се загрижени поради овој петок 13.
Астролозите на останатите хороскопски знаци им советуваат добро да размислат и да не брзаат пред одлуките, па на крајот сè ќе испадне добро.