Климатските промени во нашиот регион ќе предизвикаат уште повисоки температури, суши, поплави, но и спротивни екстреми, предупредуваат климатолозите.
Многу делови од светот се борат со катастрофални пожари во последните недели, а Балканот е меѓу оние кои се најтешко погодени. Огнот уништи огромни области во Турција и Грција, додека пожарите, во помала мера, беснеат и во Северна Македонија, Косово, БиХ и Хрватска.
Причината е јасна – земјите од регионот ова лето бележат многу високи температури, а во некои од нив се регистрирани најголеми горештини досега. Во Грција се измерени 46,3 Целзиусови степени, а во Турција 49,1 Целзиусов степен и токму во овие две земји беснеат најголемите пожари, кои со помош на ветрот брзо се шират.
Многу експерти се согласуваат дека овие пожари се само една од последиците од климатските промени кои брзо ги менуваат условите за живот на нашата планета, вклучувајќи го и Балканот, кој, според климатолозите од регионот, вакви лета како ова кое едвај го преживуваме, но и уште полоши, не чекаат во годините кои доаѓаат.
Крешо Панџиќ, климатолог од Државниот хидрометеоролошки завод на Хрватска, тврди дека јуни и јули оваа година биле статистички значително потопли од повеќегодишниот просек од 1981 до 2010 година, со почести екстремно топли периоди кои влијаат врз здравјето на луѓето.
Kлиматските сценарија предвидуваат зголемување на фреквенцијата на топлотни бранови во југоисточна европа во наредните години или децении, во зависност од сценариото за емисија на стакленички гасови, истакна Панџиќ, кој предупреди за последиците од високите температури.
Сепак, горештините се само дел од промените, а може да се каже и – помал дел од проблемот, бидејќи високите температури нужно ќе предизвикаат бројни екстремни феномени и временски непогоди кои досега не биле вообичаени на нашите простори.
Едно од нив, тврди Панџиќ, е појавата на „пијавици“, кои со својата сила се повеќе ќе личат на торнадата кои беснеат во Северна Америка.
– Oпшто земено, во наредните години се предвидува зголемување на фреквенцијата и интензитетот на екстремните временски и климатски појави во сите сезони, како што се зголемување на врнежите, што може да предизвика особено големи поплави, а во исто време би можеле да се очекуваат подолги суши, особено во лето, кога испарувањата поради високата температура на воздухот се поизразени отколку во зима. се почеста е појавата на разорувачки атмосферски вртлози – пијавици – како на копно така и на море, чија разорна моќ може да се спореди со торнада, чија појава е најизразена на подрачјето на големите рамнини во САД, каде што има „судири“ на исклучително топлиот и влажен воздух од мексиканскиот залив со релативно сувиот и топол, но посвеж воздух, на големите рамнини, вели Панџиќ.
Предупредувањата за екстремно високите температури станаа вообичаени и во Србија.
– Процесот на климатските промени, или подобро кажано, глобалното затоплување, беше инициран од прекумерните емисии на стакленички гасови, кои се зголемуваат и носат многу лоши последици за атмосферата, океаните, морскиот мраз, континенталното земјиште, мразот и снегот. топлите климатски зони се шират кон половите и во височина. на нашите географски ширини, температурата се зголемува за 1,5 степени на секои триесет години, вкупните годишни врнежи од дожд се речиси непроменети, објаснува Горан Пејановиќ, помошник директор на националниот климатски центар при републичкиот хидрометеоролошки завод на србија.
Затоа, не треба да се изненадуваме од поплавите кои се случија во Германија или во нашиот регион во мај 2014 година. Топлотните бранови стануваат се побројни, подолги и поинтензивни, така што од 2000 година, имаше шест големи суши, а една од тие во 2012 година го чинеше земјоделството на Србија две милијарди долари, наведува Пејановиќ.
Во Босна и Херцеговина е забележан еден од најинтензивните топлотни бранови во изминатиот период. Бакир Краиновиќ, климатолог од Сојузниот хидрометеоролошки завод во Сараево, наведува дека се надминати температурните рекорди на неколку метеоролошки станици, и тоа неколку дена по ред.
Тој потсети дека, од пет топлотни бранови во БиХ, само два би се случиле доколку не беа климатските промени.
Освен „пијавиците“, за кои предупредува Панџиќ, Краиновиќ споменува сe поинтензивни поплави, налети на ветер, град и периоди на суша, кои, како што тврди, исто така, ќе бидат последица од климатските промени. Повремените дождови, додава тој, не се доволни за да се подобри општата климатска слика во регионот, така што адаптацијата кон новите услови за живот на Балканот ќе стане неизбежна.
Промените не се случуваат само на копно, тие влијаат и на Јадранското Море. Панџиќ наведува дека „почеста е појавата на морски поплави, кои се многу поизразени поради постепеното покачување на нивото на морето“.
Јадранот е дел од Медитеранот, за кој Светскиот фонд за заштита на природата (WWF) тврди дека станува „најбрзо затоплувачки“ и „најсолен“ со неповратни промени на животот во морето, но и животот на луѓето.
Се наведува дека температурата на Средоземното Море се зголемува за 20 проценти побрзо од глобалниот просек и се предвидува зголемување на неговото ниво за повеќе од еден метар до 2100 година.
Јадранското море, како ниедно друго море, не е изолиран систем, така што сите притисоци што влијаат на медитеранот во поголема или помала мерка се појавуваат и во јадранот. бидејќи станува збор за плитко и полу-затворено море, зголемен е ризикот од сериозни и трајни последици од климатските промени во синергија со интензивните човечки активности како што се туризмот или риболовот, а да не зборуваме за експлоатација на нафта и гас, предупредува мосор прван од wwf адриа, кој тврди дека високите температури и екстремните временски случувања го менуваат морското дно.
Средоземното Море, предупредуваат од WWF, не е она што било некогаш.
Тоа се претвора во тропско море. климатските промени не се закана за иднината, тие се закана веќе денес, за што сведочат научниците, рибарите, нуркачите, крајбрежните заедници и туристите. ако сакаме да го смениме постојниот тренд, треба да го намалиме човечкиот притисок врз морето и да ја изградиме неговата отпорност. здравите екосистеми и растечката биолошка разновидност се најдобрата природна одбрана против ефектите од климатските промени, изјави Џузепе ди Карло, директор на медитеранската морска иницијатива на wwf.
Што можат да направат земјите од регионот, за барем да ги ублажат драстичните климатски промени на нашето подрачје? Панџиќ и Пејановиќ тврдат дека треба да ги почитуваат одредбите од Парискиот договор за климата.
За да се избегне неповратна ситуација, неопходно е да се следат одредбите од парискиот договор за ублажување на климата од 2015 година, односно постепено да се воведат климатски неутрални зелени економии до средината на 2050 година. според тоа сценарио, учеството на обновливите извори на енергија треба да биде 70-80 проценти, во споредба со 20-30 проценти извори на фосилни горива, по можност со колку е можно помалку јаглен и нафта, а повеќе природен гас. поради долгиот „живот“ на повеќето стакленички гасови во атмосферата, враќањето во прединдустриска состојба ќе трае најмалку до крајот на 21. век, но со помалку оптимистички сценарија и значително подолго, вели Панџиќ.