Британецот Филип Форсајт е ослободен по еден месец поминат во затвор, каде беше обвинет дека ја силувал ќерка си на грчкиот остров Крит.
Тој беше пуштен откако беше направен ДНК тест, по што беше ослободен од обвинението за силување на својата ќерка на грчкиот остров Крит.
Форсајт бил уапсен на Крит откако неговата ќерка Тами пријавила дека била силувана по ноќното излегување со него на 9 јуни. Форсајт помина речиси еден месец во притвор, но беше ослободен од затворот во средата вечерта, откако ДНК примероците докажаа дека тој не е напаѓачот.
По повторното видување со Тами, Форсајт ексклузивно за MailOnline изјави:
„Првата работа што и реков беше: „Те сакам. Жал ми е за тоа што се случи и никогаш повеќе нема да дозволам некој да те повреди вака“. Се гушкавме долго време и двајцата плачевме. Целата работа беше многу емотивна“, рече тој и додаде:
“Потоа јадев ќебапи и испив шише пиво бидејќи не јадев пристојна храна речиси еден месец. Чувството е одлично да се биде слободен човек и повторно да се биде со ќерка ми. Целото искуство беше пекол, најлошото нешто некогаш сум го поминал. Скршен сум и уништен поради начинот на кој се однесуваа кон мене и мојата ќерка“, рече тој.
33-годишната Тами, која го чекала својот татко во хотел на Крит, заплакала: „Стоев на балконот и гледав во него и кога го видов викав: Тато, тука сум. Те сакам“, рече таа.
Потсетувајќи се на настаните од минатиот месец, Форсајт откри дека грчката полиција го уапсила на 11 јуни, два дена откако Тами пријавила дека била силуван.
Тие пиеле во барот „Хелп“, покрај главната улица која е позната по бурните барови и ноќни клубови популарни кај Британците. Форсајт признал дека Тами била „ужасно пијана“ и дека почнал да се расправа со неа додека се обидувал да ја врати во нивниот хотел, а таа станала вербално и физички агресивна.
Полицијата го уапсила откако видела снимки од надзорните кафани за кои тврделе дека „покажува како сексуално ја напаѓа ќерката“.
„Полицијата ми ја покажа снимката од видео надзор и ме замоли да објаснам што се случува. Им реков дека се е во ред, само татко се обидува да ја врати својата пијана ќерка во кревет“, рече тој низ солзи и додаде:
“Но, полицијата почна да вика по мене и тие рекоа дека сум силувач. Не можев да верувам во тоа што го слушам. Ја сакам ќерка ми толку многу, многу сум заштитнички настроен кон неа и не можев да замислам да ме обвинат за нешто толку одвратно. Тоа е една од најлошите работи што еден татко може да ги слушне“, рече тој.
Форсајт откри дека откако излегле од барот околу 4.55 часот, тој и Тами продолжиле да се расправаат и тој луто си заминал, но планирал да се врати кај неа, но во меѓувреме изгубил.
Тами исто така заминала и завршила во ќорсокак каде што била силувана.
— paja_kamiondzija (@PKamiondzija) July 8, 2022