Невзета Хеќимовиќ е жртва на бруталното убиство на Нермин Сулејмановиќ кое го пренесуваше во живо на Инстаграм. Пријателите и семејството во шок и болка се збогуваат со младата и убава мајка.
На нејзиниот профил може да се видат слики со нејзината ќерка која е се уште бебе. Сулејмановиќ објави видео со исклучително вознемирувачка содржина на социјалната мрежа Инстаграм, порачувајќи им на гледачите дека во живо ќе видат убиство.
На видеото потоа се гледа како зема пиштол и испука куршум во челото на женско лице. Исто така, на видеото може да се слушне плачот на дете кое било во непосредна близина. Поради вознемирувачката содржина, видеото е тргнато од Инстаграм. По грозоморното убиство тој влезе во живо на Инстаграм и спокојно комуницираше со следбениците, како ништо да не се случило. Потоа рече дека пукал и во полицаецот, но дека не знаел што се случило со него. Во таа прилика тој најави и дека „го наполнува пиштолот и продолжува понатаму“.
Крвавиот пир го продолжи убивајќи татко и син и тешко ранувајќи ја нивната сопруга односно мајка. Станува збор за семејството Џенгиз, турски државјани за кои не е познато зошто станале мета на Сулејмановиќ. Длаи тој имал недоразбирање со нив или пак сосема случајно му се нашле на патот, засега останува нејасно.
Смртно настрадаа Ондер Џенгиз (таткото) и 23 годишниот син Денис Џенгиз, додека Хариса Џенгиз е тешко ранета и се бори за живот.
– Ги убив таткото и синот. Господ знае како налетаа на мене. Ја убив жената и двајца душмани. Се надевам дека го убив и полицаецот. Бебето е живо – рече Сулејмановиќ.
Ранети се и полицаецот Хусеин Коториќ и граѓанинот граѓанинот Недим Памуковиќ. Сулејмановиќ потоа објави две фотографии на својот профил, првата со сопругата и детето, додека на втората слика тој е сам со ќерката. Сулејмановиќ после тоа си го одзеде животот. Тој се самоуби пред полицајците откако со часови трагаше по него.