Тажна вест споделија од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“. Почина д-р Моника Лукровска, специјализант.

„Доктор Мони. Остави траги и многу спомени зад себе. Денес сите не’ смрзна, сите не’ замолчи во еден миг. Во еден миг застана се’ и само погледи се ширеа со силна воздишка и солза меѓу нас, а без глас. Добриот човек секогаш ќе се памти.

Ти беше херој, професионалец, пријател и колега со срце и милост. Секогаш зрачеше со позитивна енергија без разлика на секојдневието. Денес не’ обои во црно. Ќе недостасуваш многу. Почивај во мир“, пишува во објавата.