Најновото истражување на Институтот за германска економија (IW) покажува дека многу странци, кои доаѓаат од други земји, заработуваат дури и повеќе од самите Германци.
Весникот „Velt am Zontag“ објави податоци, врз основа на статистиката за вработување на Сојузната агенција за вработување, кои покажуваат дека, да речеме, Индијците во Германија кои работат со полно работно време – месечно заработуваат во просек по 4.824 евра.
Со други зборови, тоа е речиси 1.300 евра повеќе од заработката на Германците.
Објавените податоци не кажуваат дека ова е бруто износот во кој Германците прикажуваат просечни плати, пренесува магазинот Феникс. Во најсилната европска економија веќе девет години пристигнуваат многу академици од различни делови на светот, а повеќето од нив се математичари, информатичари, натуралисти и инженери кои работат во таканаречените MINT професии.
MINT е кратенка за математичари, информатичари, експерти од областа на природните науки и техничари. Во Германија генерално се платени многу над просекот, а треба да се има предвид дека просечната месечна плата на Германците е 3.541 евро.
Австријците во Германија заработуваат 4.582 евра, а Американците 4.468 евра.
Се наведува и дека постојано вработените работници од Британија, Кина, Швајцарија, Бразил, како и оние кои доаѓаат од земјите на Бенелукс имаат просечна заработка над границата од 4.000 евра.
И Французите во Германија често заработуваат повеќе од Германците или 3.952 евра. За разлика од нив, Сиријците имаат релативно ниска просечна месечна плата до 2.195 евра. По нив следат Романците со 2.157 евра и Бугарите со просечна плата од 2.072 евра.