Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, имаше несреќа на скијање во 2013 година, а информациите за неговата состојба се многу ретки.

Актуелниот претседател на ФИА и поранешен директор на Ферари во Формула 1, Жан Тод откри детали за неговиот пријател.

Тод помина многу време со сопругата ма Шумахер, Корина по несреќата, па затоа беше еден од ретките што можеше да влезе во вилата каде Мајкл се опоравуваше.

– Поминав многу време со Корина откако Мајкл имаше сериозна несреќа при скијање на 29 декември 2013 година. Таа е одлична жена и го води семејството, рече Тод во изјава за „Спорт Билд“ и додаде:

– Таа не го очекуваше тоа. Се се случи одеднаш и таа немаше избор. Но, таа направи се многу добро. Јас и верувам и таа ми верува.

Потоа зборуваше за осумгодишната борба на Шумахер да преживее.

– Благодарение на работата на лекарот и соработката на Корина, која сакаше да преживее, Михаел преживеа – но со последици. Сега се бори со последиците. Се надеваме дека работите полека, но сигурно ќе се подобрат, рече Тод, но не сакаше да открие повеќе детали.