По доаѓањето на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, се наметна дилемата дали тој повторно ќе ја добие седмицата.
Во минатото португалскиот ас со успех ја носеше, но по неговото заминување, многумина се „удавија“ во тоа бројче и како да заглавија со развојот во кариерата, но по се изгледа дека вистинскиот сопственик повторно ја добива оваа бројка во Јунајтед.
Со оглед на тоа дека Единсон Кавани го носеше бројот 7, сега тој ќе му припадне на Кристијано Роналдо, а Кавани ќе го превземе бројот 21 од Даниел Џејмс, кој по се изгледа дека оди на позајмица или ќе биде продаден во Лидс Јунајтед.
Роналдо ќе го потпише својот договор на две сезони + една доколку постои простор за тоа, а ќе заработува нешто над 350.000 евра неделно.