Водителката Сања Маринковиќ во својата последна емисија „Магазин ин“ прикажа издание кое ги изненади сите. Имено, Сања играше на картата на провокација, но не како досега.

Таа носеше комбинација на облека која вклучуваше провидни делови, а пред гостите се појави без градник.

Таа во одредени моменти речиси покажуваше премногу, додека не ја симнуваше насмевката од лицето и не го криеше доброто расположение низ шоуто.

📷

Инаку, Маринковиќ изминатиов период предизвика бура од реакции со своите контроверзни објави на социјалните мрежи.

Водителката и авторка на емисијата „Magazine In“, за време на својот летен одмор Турција, каде што што имаше големи пожари, ги згрози сите со објавата на својот Инстаграм профил. Сања тогаш предизвика бурни реакции, исто како неколку дена претходно кога исмеваше дебели жени.

Српските медиуми тогаш и забележаа дека Сања оди на плажите и фотографира дебели жени, ги објавува фотографиите на социјалните мрежи и ги исмева поради нивниот изглед.

Овој ужасен потег ја разбесни српската јавност, а водителката уште еднаш беше мета на корисниците на Твитер, како и претходно поради натписот на една фотографија како „ковид елита“.

– И после ти Сања, размислувај за правилна исхрана и „дави“ го инструкторот да ги зајакне тренинзите. А види ја мојата комшика „аква паркот“ и нејзината пријателка – напиша таа во описот на фотографијата, исмејувајќи ги жените со „смешковците“ што ги додаде во описот.

Наскоро следеше вистинска бура на Твитер поради оваа објава, а корисниците на оваа социјална мрежа беа шокирани од однесувањето на водителката.

– Не му е на секого убаво да изгледа како „коска“, колку е непристојно да коментираат вака и да сликаат, вистински ужас. Можеби на некој му е убаво да изгледа така, што и е грижа?, се вели во еден од коментарите:

– Како може една дама да не се срами и да си дозволи да оди наоколу и да слика луѓе? Срамота и ужас…