Безбедносниот експерт Агим Муслиу изјави дека во Бањска на Звечан биле убиени шест лица од криминалната група. Оваа информација Муслиу ја сподели во Клан Косова, меѓу другото, дека е запленета значителна количина воен материјал.

– Во објект во близина на црквата се убиени шест терористи, а во една од помошните простории на црквата е запленет значителен воен материјал, рече Муслиу.

Тој нагласи дека косовската полиција е при крај на операцијата.

Инаку, денеска во раните утрински часови загина еден косовски полицаец, а друг е повреден.