Едно лице загина во тепачка што избила синоќа на свадба во Берлин.
Маж, чиј идентитет не се соопштува, синоќа нешто по полноќ починал во болница, откако бил избоден со нож околу 23 часот во сала за славење во Кројцберг.
Полицијата привела маж, кој е осомничен дека при тепачката извадил нож и го избодел несреќниот маж, кој по неполни два часа починал во болница.
Како што пренесува Билд, тепачката започнала околу 23 часот, по кратка расправија меѓу двајцата сватови. Очигледно ова не било прв пат двајцата мажи да се судрат.
Во еден момент пред очите на шокираните гости еден од насилниците на тепачката се струполил на подот. Тој наводно се здобил со најмалку една убодна рана.
Набрзо на терен пристигнала и полицијата која ги спречила гостите на свадбата да ја напуштат салата, додека лекарите се обиделе да го реанимираат избодениот маж, кому во болницата околу 00:45 часот му била констатирана смрт.
Осомничениот за убиството во текот на ноќта бил приведен и испрашуван во полиција.
Се уште не се познати мотивите за конфликтот.
Наводно, во текот на целата ноќ полицијата ги испрашувала сватови кои биле сведоци на овој грозоморен чин.